Скоро во цела Македонија утринава температурите се под нулата.
Најстудено е во Берово каде се измерени -13 степени, а најтопло во Дојран и Гевгелија каде утринската температура е само нула степени.
Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, утринава во Маврово и Крива Паланка се измерени -11 степени, во Крушево -10 степени, во Лазарополе -9, во Охрид, Претор, Прилеп, Штип и Петровец кај Скопје -8, во Битола, Виница и Струмица -7, во Демир Капија и Зајчев Рид во Скопје -5 и во Куманово -3 степени.
За денеска синоптичарите најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Максималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 9 степени.