Во Крива Паланка утрово е најстудено, 6 степени, а во Дојран се измерени максимални 12. Најмногу дожд, пак, изминатите 24 часа наврна во Берово, 18 литри на метар квадратен, а најмалку во Струмица, три литри.
Според УХМР, 7 степени е во Лазарополе и Крушево, 8 во Виница и Берово, 9 во Дебар и Куманово, 10 во Скопје – Зајчев Рид, Тетово, Охрид, Претор, Штип и Струмица, како и 11 во Скопје – Петровец, Прилеп и Демир Капија.
Во Пожаране наврнаа 15 литри на единица површина, 14 во Крушево, 13 во Куманово, 12 во Крива Паланка, 10 во Виница, 9 во Тетово и Дебар, 8 во Скопје – Зајчев .Рид, Охрид, Претор и Ѓуриште, 7 во Битола и Лазарополе, 6 во Скопје – Петровец, Прилеп, Демир Капија и Тополчани, 5 во Дојран, како и 4 во Штип.