Засилен северен ветер и повремени врнежи снег, најавува УХМР за викендот пред Божик.
Македонија ќе биде зафатена од влажен бран ноќта во сабота поради што во недела, преку ден, ќе дојде до наоблачување.
Долж Повардарието ќе врне и дожд и снег, а слаб снег ќе провејува и во понеделник претпладне.
Во петок и сабота ќе се задржи претежно сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Утре времето ќе биде сончево со мала облачност. Минималните утрински температури ќе се спуштат до -10, а максималните ќе достигнат девет степени.