Управата за јавни приходи ги демантира написите „во одредени медиуми“ дека „околу 10 милиони евра украле газдите од државната помош за исплата на минималец“, се наведува во демантот од УЈП во кој натаму се додава:
– Генералниот секретаријат на Владата на РС Македонија и Управата за јавни приходи ги демантираат написите на одредени медиуми во кој е наведено дека „Околу 10 милиони евра украле газдите од државната помош за исплата на минималец“. Управата за јавни приходи, на Прес конференција за медиуми одржана во вторник, 28.07.2020, објави дека вкупно 281 работодавачи кои примиле финансиска поддршка за месец април 2020 во износ од 9.995.565 денари, не ја исполниле обврската за исплата на плата за 722 вработени, односно за месец мај вкупно 427 компании воопшто не исплатиле плата за 984 вработени, а добиле финансиска поддршка во износ од 13.698.998 денари. Управата за јавни приходи податоците за обврзниците кои не исплатиле плата, а примиле финансиска поддршка, ги доставува до Генералниот секретаријат на Владата на РС Македонија, односно и двете институции располагаат со исти податоци и иста сума на исплатена финансиска поддршка кон овие компании, се вели во соопштението од УЈП.
Претходно и нашиот портал го пренесе пишувањето на ТВ Телма и на други медиуми кои објавија дека износот на злоупотребени пари од државата за корона кризата, од страна на газди на фирми, не бил два туку 10 милиони евра.