Украинците имаат план за „континуитет на владата на еден или друг начин“, доколку украинскиот претседател Володимир Зеленски биде убиен, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен во денешното интервју за Си-Би-Ес.
-Украинците имаат планови, за кои нема да зборувам или да навлегувам во какви било детали, за да се осигураат континуитет на владата на овој или оној начин, и толку ќе кажам на таа тема, рече Блинкен.
Американскиот државен секретар, исто така, му даде комплимент на Зеленски за неговото „лидерство“ во оваа криза.
-Лидерството што го покажа претседателот Зеленски, што го покажа целата влада е извонредно. Тие се олицетворение на овој неверојатно храбар украински народ, рече Блинкен.