Министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников изјави дека пилотот кој го бомбардираше театарот што се користеше како засолниште за цивили во Мариупол е чудовиште.
Меѓутоа, руската страна синоќа ги демантираше обвинувањата на Киев дека Русија го извршила нападот врз театарот, тврдејќи дека тоа е нова провокација на милитантите од нацистичкиот баталјон „Азов“, активирајќи екплозив што претходно го поставиле во зградата на театарот.
Украинските власти соопштија дека скривницата во театарот во Мариупол го издржала бомбардирањето, дека моментално се работи на извлекување на луѓето, како и оти повеќето од луѓето успеале да го преживеат нападот.
Обраќајќи се пред Европскиот парламент преку видео врска, Резников рече дека пилотот ја фрлил бомбата и покрај тоа што со големи букви било испишано „деца“ од двете страни на зградата. Не е познато колку луѓе го преживеале нападот.