Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе вториот пораз на ЕП.
Во дуел од 2.коло на „Б“ групата во Софија, македонските одбојкари во три сета (0:3) се поразени од Украина.
Дека противникот е фаворит и е меѓу десетте најдобри селекции во светот се потврди и на овој меч.
Во првиот сет противникот имаше и најголеми седум поени предност (9-16), а во завршницата Македонија дојде на -2 (24-22).
Сепак Украинците ја искористија третата сет топка и го добија тој сегмент од играта со 22-25. Така мина и вториот сет. Украина водеше со 8-16, Македонија дојде до поен негатива (22-23), но следните два поени им припаднаа на противникот (22-25).
Во третиот сет Украина брзо создаде двоцифрена предност и лесно го приведе и тој сет во своја полза со 10-25.
За Украина ова беше втора победа, а за Македонија втор пораз на првенството.
Утре се слободен ден за македонските одбојкари, кои во недела ќе играат против актуелниот европски шампион Полска.




