Органите на редот во Украина извршија над 230 претреси во околу 20 региони на земјата, при што открија и уништија 19 лаборатории за дрога, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на пораката на министерот за внатрешни работи Игор Клименко на Телеграм.

Според него, „Полицијата разби нарко картел чии членови произведувале и продавале психотропни супстанции преку канали на апликацијата за пораки“.

Министерот истакна дека за време на рациите се приведени повеќе од 60 лица. Провалени се 19 лаборатории во кои месечно се произведувало околу еден тон амфетамини и други синтетички дроги.

Според Клименко, приходите на криминалците од продажба на дрога достигнале 350 милиони украински гривни (7,9 милиони евра) месечно.

-Борбата против трговијата со дрога треба да биде токму тоа: систематска и главно насочена против добавувачите на дрога, рече Клименко.

Четворица дилери на дрога кои припаѓаат на организирана криминална група се уапсени во Криви Рих во регионот Дњепропетровск.

фото: МИА архива