Украина влезе во дипломатски спор со САД откако Вашингтон ги критикувашше напорите на антикорупционерите во пресрет на претседателските избори во државата што треба да се одржат на 31 март.
Украинскиот главен обвинител Јуриј Луценко изјави во интервју за американската телевизија „Хил“ дека американската амбасадорка во Украина, Мари Јовавович му дала список со луѓе кои не треба да бидат под истрага.
Стејт департментот ги нарече лажни тие тврдења на Луценко.
Спорот се појави само неколку денови откако Јованович остро ги критикуваше резултатите на Украина во борбата со корупцијата. Таа повика за разрешување на претседателот на украинската антикорупциска комисија Назар Холодницкиј кој е обвинуван дека им помагал на осомничени да избегнат обвиненија за корупција.