Мостот Антоновскиј, најблискиот премин што ги поврзува украинскиот град Херсон и источниот брег на реката Дњепар е урнат, јави денеска украинската државна телевизија, цитирајќи локални жители.
Телевизијата објави и фотографија на која се гледаат урнатите делови од мостот.
Следниот најблизок патен премин преку Дњепар е на повеќе од 70 километри од Херсон.
Причината за уривањето не е соопштена.
Украинската агенција Униан пренесе дека мостот наводно бил кренат во воздух.
Агенцијата додава дека мостот Антоновскиј бил главната логистичка рута за пренос на опрема и муниција за руските сили на десниот брег на Дњепар.
Пред два дена Русија соопшти дека ќе ги повлече своите сили од западниот кон источниот брег на реката Дњепар.