Во близина на украинското пристаниште Одеса синоќа е извршен напад со дрон извршен кој предизвика голем пожар и експлозија, соопшти украинската армија.
Тоа беше последниот во серијата напади со беспилотни летала врз клучниот јужен град во последните денови.
Синоќа бил погоден воен објект со муниција. Пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот, соопшти Украинската јужна воена команда.
Британската одбрана денеска соопшти дека првите групи руски војници мобилизирани од Москва почнале да пристигнуваат во воените бази.
Во редовниот разузнавачки брифинг, британското Министерство за одбрана соопшти дека се мобилизирани „десетици илјади луѓе“.
Според Британците, Русите ги очекуваат предизвици. „За разлика од повеќето западни војски, руската војска обезбедува почетна обука на ниско ниво во рамките на нивните назначени оперативни единици, наместо обука во одредени центри за обука, велат тие.
Во нормални околности, два баталјона се распоредени, додека третиот останува зад нив на обука, но во украинската војна е распореден дури и третиот баталјон, што ја ослабува таа обука, се наведува во извештајот.
Се зголемува загриженоста дека Русија би можела да го прошири конфликтот кога ќе завршат референдумите за приклучување кон Русија во деловите на Украина под контрола на Москва, кои Украина и Западот ги сметаат за незаконски.