Украинската армија соопшти дека синоќа погодила радар за воздушна одбрана С-400 во Сочи, Русија, како и места за складирање, подготовка и лансирање на беспилотни летала во Курската област и во Доњецк.

Генералштабот на украинската армија на Телеграм објави дека се погодени и други радарски станици на три локации во Брјанската област, а цел бил и систем за навигација на аеродромот Саки на Кримскиот Полуостров, кој Русија го анектираше во 2014 година.

Претходно, властите во Сочи соопштија дека пет лица се повредени во нападите со украински беспилотни летала.