Украинската државна компанија за атомска енергија Енергоатом потврди дека руската армија ноќеска после полноќ ја нападнала нуклеарната централа Јужноукраинска (Пивденнокраинск) во јужниот регион Миколаев.
Енергоатом информира дека реакторите не се оштетени и работат нормално и оти во нападот нема повредени луѓе.
Експлозијата се случила на околу 300 метри од реакторот, оштетени се околните згради на електраната. Во нападот е оштетена и блиската хидроцентрала и далноводи.