Според заменик-началникот на Генералштабот на претседателот Владимир Зеленски, прекините на струјата, наводно предизвикани од руските напади врз украинската електрична мрежа, биле делумно решени во текот на ноќта, пишува Раша Тудеј.

Во објава на Телеграм, Кирил Тимошенко извести за целосно обновување на снабдувањето со електрична енергија во украинските градови Суми, Днепропетровск и Полтава.

Капацитетот на мрежата во регионот Харков беше на 80 отсто утрово, каде што украинската контраофанзива беше успешна минатата недела, според официјалните лица.

Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, во понеделник утрово изјави дека градската подземна железница и тролејбусите се повторно во функција и дека водоснабдувањето ќе биде целосно обновено во текот на денот.

Транспортот на електрична енергија беше парализиран за време на неделниот прекин. Киев ги обвини руските воени сили и нивните напади насочени кон електраните и клучните јазли на преносната мрежа за прекините на електричната енергија во неколку региони.

Руската војска ниту потврди ниту негира дека извршила такви напади.

Во повеќе места во источниот дел на Украина синоќа имаше прекин во снабдувањето со електрична енергија, соопштија украински претставници.

Струја немаше и во вториот град по големина, Харков, но и во регионите Доњецк и Суми во источна Украина.

Електрична енергија исто така немаше и во Краматорск, град лоциран во источниот дел на земјата.

М.П.