Руските вооружени сили досега изгубиле околу 75.930 војници, 2.765 тенкови и 1.781 артилериски систем во војната против Украина, објави Генералштабот на вооружените сили на Украина на својот Фејсбук профил.
Според овие тврдења, како што пренесува „Украинска правда“, вкупните борбени загуби на руските сили помеѓу 24 февруари и 6 ноември 2022 година се проценети на следниов начин:
* приближно 75.930 (+490) воен персонал;
* 2.765 (+7) тенкови;
* 5.611 (+10) борбени оклопни возила;
* 1.781 (+5) артилериски системи;
* 391 (+0) повеќецевни ракетен систем;
* 202 (+0) системи за противвоздушна одбрана;
* 277 (+0) авиони со фиксни крила;
* 260 (+0) хеликоптери;
* 1.465 (+3) оперативно-тактички беспилотни летала;
* 399 (+0) крстосувачки ракети;
* 16 (+0) бродови/чамци;
* 4.184 (+7) возила и цистерни;
* 155 (+0) специјални возила и друга опрема.