Украинскиот земјоделски сектор претрпе директни загуби од повеќе од 10 милијарди долари за две години од почетокот на големата руска инвазија, па затоа е многу важно да се обнови за да се обезбеди стабилност на светските пазари за храна, вели в.д. министерот за аграрна политика и храна на Украина, Тарас Висоцки.
„Поради руската агресија, украинските фармери претрпеа значителни загуби. Од уништување на земјоделска механизација за вкупно 5,8 милијарди долари до загуба и уништување на сточарски фарми за повеќе од 250 милиони долари. А меѓународните цени на храната во 2022 година се зголемија за околу 35 отсто“, рече Висоцки на конференцијата „Реновирање на украинското земјоделство“, пренесува Укринформ.
Според него, состојбата е стабилизирана дури по воспоставувањето на нови извозни рути.
На крајот на февруари годинава, аналитичарите од Киевскиот економски факултет (КСЕ) пресметаа дека украинскиот земјоделски сектор претрпел речиси 80 милијарди долари директни и индиректни загуби од почетокот на војната. На почетокот на јануари 2023 година, аналитичарите ги процениле загубите на 38 милијарди долари.
Во пресметката на штетите, биле користени податоците од украинската влада и други извори. Директните загуби на украинскиот земјоделски сектор достигнаа 10,3 милијарди долари на 31 декември 2023 година, во споредба со 7,8 милијарди долари една година порано.
Во загубите влегуваат 5,8 милијарди долари во уништена опрема, 1,8 милијарди долари во оштетени силоси и речиси 2 милијарди долари во уништени земјоделски производи.
Индиректните загуби, од изгубеното производство, намалениот извоз, повисоките трошоци за производство и санирањето на оштетената почва, изнесуваат околу 69,8 милијарди долари, се процените на Киевскиот економски факултет.