Споредбено со авганистанската војска, која доби опрема, оружје и муниција во вредност од 80 милијарди долари, последниот пакет од САД вреди 800 милиони долари. Светот треба да сфати дека ние се бориме со Русија, најголемата војска во континентална Европа, со земја со буџет за оружје многукратно поголем од оној на Украина, па, затоа, потребно е повеќе оружје, побара од Западот, украинскиот пратеник Олексиј Гончаренко, јави Би-Би-Си.
Украинската пратеничка Лесиа Василенко повика на итен состанок со лидерите на Велика Британија, Франција, Германија, Полска, Италија, Романија, Канада, САД, додека руските сили започнаа голема нова офанзива во источна Украина, јави Скај њуз.
Василенко на разговорите ги повика и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, како и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.
На социјалните мрежи, Василенко напиша: „Украина има потреба од оружје и потребна е интервенција од сојузничка војска“.
Според неа, претставници на Обединетите Нации сметале дека нема да има прекини на огнот во Украина во наредните денови.
Руските сили се репозиционираа на исток, откако беа спречени во нивниот обид да го заземат главниот град на Украина, Киев.