Украинскиот претседател Володимир Зеленски му понудил на британскиот премиер во заминување Борис Џонсон да ја преземе функцијата градоначалник на Одеса, пренесува Украинска правда.
Весникот тврди дека Џонсон „со благодарност ја прифатил оваа понуда“. Засега нема официјална потврда на оваа информација, но немаше ниту деманти.
Зеленски не го криеше разочарувањето од падот на владата на Џонсон во Британија, бидејќи официјален Лондон е најжестокиот поддржувач на војната против Русија и вооружувањето на Украина.
– Не се сомневаме дека поддршката од Велика Британија ќе продолжи. Засекогаш ќе останеме пријатели и силни сојузници, рече Зеленски и додаде дека веста за заминувањето на Џонсон „ги растажи сите Украинци“.
Џонсон, кој ја замени Тереза Меј како премиер во 2019 година, објави дека се повлекува од функцијата премиер и лидер на британската Конзервативна партија.