Руски борбен авион Су-30СМ се урна во близина на Змискиот остров, во Црното Море, а остатоците беа пронајдени во морето.

Контактот со авионот бил изгубен во текот на мисијата од непознати причини, наведува  украинската разузнавачка служба.

Остатоците се лоцирани, а руските сили спроведуваат потрага по пилотите.

Според проруски извори, авионот бил базиран на окупираниот Крим и припаѓал на поморската авијација на Црноморската флота.

Су-30СМ е повеќенаменски борбен авион вреден околу 50 милиони долари, а Русија во моментов има околу 130 вакви авиони.

Ова е втора загуба на ваков тип авиони во последните две недели – на почетокот на август, украинските беспилотни летала уништија еден Су-30СМ и оштетија друг на аеродромот Саки.

фото:Википедија