Умерено облачно со магла по котлините. Во крајните западни делови можни се слаби врнежи од дожд, на планините слаб снег.

Утринските температури ќе се движат од -5 до 2 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 0 до 11 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу -4 и дневна до 3 степени.

До недела во западните и јужните делови од земјава во пониските места ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а на планините од снег. Повеќе врнежи, на пониските места од дожд и снег, а на планините од снег ќе има од вторник.