Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјавил вчера дека неговата Влада значително ќе ја зголеми финансиската помош и олеснувања за семејствата со повеќе деца, вклучувајќи го тука и доживотното изземање од плаќање данок на приход.
Во говорот за состојбата на нацијата, Орбан истакна дека целосно ослободување од данок на приход ќе има за жени кои ќе родат најмалку четири деца.
Овие мерки треба да ги поттикнат жените да раѓаат повеќе деца и така да се стопира или намали падот на бројот на жители на Унгарија, проблем со кој драматично се соочваат и дрги држави од Источна Европа, како Бугарија, но и Македонија во која Владата на Заев ги укина стимулативните мерки во оваа насока воведени од Владата на Груевски.
Според Орбан, ова е одговор на Унгарија на негативните демографски трендови, а не на имиграцијата.
Орбан инаку, често истакнува дека лидерите на ЕУ сакаат да ја преплават Европа со мигранти од други континенти.