Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, вети дека унгарската Влада ќе отвори толку работни места колку што ќе бидат изгубени за време на кризата поради епидемијата на коронавирусот.
Тој ова го порача во писмо до генералниот секретар на Европската конфедерација на унијата на синдикати (ЕТУЦ) Лук Висентини, кој неодамна изрази загриженост поради економските мерки на Унгарија во врска со кризата.
Во писмото што го достави кабинетот на премиерот до агенцијата МТИ, Орбан вели дека е „охрабрувачки“ што Унгарија може да смета на вниманието на Унијата на европските синдикати во толку тешка ситуација поради епидемијата.
Тој потсети дека Унгарија за 10 години успеала да создаде економија базирана на работата која значително ја намалила невработеноста. Тоа „значително“ всушност е една о најниските стаспки во Европа која изнесува само 3,5 отсто.
Орбан рече дека Владата, во мерките за управување со кризи, се концентрира на одржување на постојните работни места и создавање нови работни места и повтори дека ќе создаде толку нови работни места колку што ќе бидат изгубени за време на кризата.