Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто го повтори ставот на неговата држава дека не сака формирање комисија за влез на Украина во НАТО поради спорот за правата на унгарското национално малцинство во Украина.
Нема ништо ново или изненадувачки во нашата позиција, јасно ставивме до знаење пред многу години дека додека Украина не ги врати правата на закарпатските Унгарци, нема да се согласиме на свикување на оваа комисија, напиша Сијарто на својот фејсбук профил, коментирајќи ги наводите дека Унгарија го блокирала свикувањето комисија на состанокот на министрите на НАТО во Букурешт.
Сијарто рече дека и да не го покренале ова прашање од почетокот на војната, немаат намера тоа да го прават сега, но дека се надеваат дека мирот ќе дојде што побрзо, за повторно да се разговара по ова прашање.
Будимпешта и Киев се расправаат околу малцинските права откако украинскиот Парламент во 2017 година го усвои Законот за образование, кој Будимпешта тврди дека ги загрозува правата на унгарското национално малцинство, да студираат на својот мајчин јазик.
Бројот на етничките Унгарци во Украина од кои мнозинството живее во Закарпатската област се проценува на околу 140.000 од пред почетокот на војната.