Услов за кандидатурата на Украина за влез во НАТО е да не ја изгуби војната, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг во Букурешт по состанокот на Алијансата.

Столтенберг вели дека НАТО не смее да се колеба во својата посветеност кон Украина и „да продолжи да се залага за Украина се додека е потребно“

– Ние нема да отстапиме. Главниот фокус е да се поддржи Украина и да се обезбеди дека претседателот (на Русија, Владимир Путин) нема да победи, рече тој.

Генсекот на НАТО додаде дека Украина би можела да добие прифатливи услови, само ако сака да напредува на бојното поле.

За пристапниот процес на Финска и Шведска во НАТО, Столтенберг рече дека ратификацијата е речиси завршена и штом приемот на двете скандинавски земји ќе стане факт, ќе ја направи евроатлантската област побезбедна.