Од петокот до вчера, унгарската полиција приведе или затекнаа 613 мигранти во обид илегално да ја преминат српско-унгарската граница, соопшти денеска унгарската полиција.

Минатиот викенд, полициските и воените патроли затекнаа 240 лица на територијата кои не можеа да го докажат својот законски престој во Унгарија.

Според унгарскиот закон, сите илегалци биле придружувани до оградата на унгарско-српската граница.

Во изминатите три дена, полицијата и војниците спречија 373 мигранти илегално да ја преминат унгарската територија, да прескокнат или да ја пробијат оградата на границата, а против 11 лица поднесени се кривични пријави поради криумчарење луѓе, соопшти унгарската полиција, пренесува РТС.