Странските директни инвестиции може да ги заменат фондовите на ЕУ и сè уште подобри од нив, истакна вчера унгарскиот министер за економски развој, Мартон Наѓи, додавајќи дека засега нема да се тргне замрзнувањето на цените и дека инфлацијата ќе се спушти на едноцифрени број до крајот на 2023 година.

Во интервју за Világgazdaság во вторникот, Наѓи зборуваше за придобивките од СДИ во однос на европските фондови.

„Во однос на влијанието, СДИ се подобри: пазарот го дистрибуира капиталот, ние не го одредуваме тоа, па тој точно знае што треба да направи“, рече Наѓи додавајќи дека фондовите на ЕУ се „лесно заменлив извор“ и дека не се доминантни за економијата на Унгарија.

Иако Унгарија е една од најголемите нето-приматели на средства од ЕУ, Европската комисија во декември минатата година одлучи да замрзне речиси 22 милијарди евра од средствата наменети за Будимпешта според буџетот на ЕУ за периодот 2021-2027 година сè додека не се исполнат 27-те супер услови за враќање на владеењето на правото и на основните права.

Дополнителни 5,8 милијарди евра грантови од програмата за закрепнување на ЕУ остануваат замрзнати поради загриженоста поврзана со независноста на судството.

„Унгарската економија ќе мора да направи транзиција кон постоење без финансирање од ЕУ“, рече Наѓи тврдејќи дека Унгарија ќе работи без ЕУ-фондовите.

Тој ги коментираше и неодамна воведените нови правила на владата за државните обврзници.

Според Наѓи, буџетот останува затегнат поради каматните трошоци, а владата има задача бргу да излезе од замката на каматните стапки со намалување на инфлацијата и со зајакнување на пазарот на државни обврзници.

Според него, новите правила за државни обврзници не резултираат со даночни заштеди.

„Го насочуваме населението кон форми на штедење, каде што парите ја задржуваат својата вистинска вредност. Тука е и прашањето на самофинансирање како стратешка цел“, рече тој.

Реагирајќи на критиките на Банкарската асоцијација, Наѓи не се согласува дека неодамнешните мерки ќе ја нарушат конкуренцијата.

„Во моментот не постои ценовна конкуренција, така што, едноставно, нема што да се наруши. Самиот термин ценовна конкуренција не постои“, тврди Наѓи.

Прашан дали тоа што го вели може да биде во спротивност со препораките за економската политика на ЕУ, Наѓи рече дека не е важно што прават.

„Добро е што не ни кажуваат што да правиме овде. Сметам дека е доста смешна идејата за одмрзнување на цените за што се залага унгарската Централна банка“, рече унгарскиот министер.