Руската армија уништи баталјон од украински војници кој беше опремен со македонски и словенечки тенкови.
Како што пренесе А1он, станува збор за првиот механизиран баталјон на 28-та бригада на украинската армија кој дејствувал во правец на Криворож.
Агенцијата РИА Новости на социјалните мрежи објави видео од запалени тенкови кои пристигнале во украинската армија од Македонија и Словенија заедно со тенковите Т-72 на НАТО.
Словенија ѝ даде на Украина 28 борбени тенкови од советско производство, а за возврат доби воена опрема од Германија, вклучително и 40 камиони.
– Словенија и Германија на овој начин ја поддржуваат Украина, изјави тогаш германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт.
Во исто време, Македонија и донираше тенкови на Украина на крајот на јули, иако не беше прецизирано за колкав број станува збор.
Сепак, медиумите тогаш објавија дека се работи за тенкови од трета генерација, а со оглед на развојот на технологијата, овие борбени возила се сметаат за неконкурентни и некомпатибилни.