Русија, во текот на украинската контраофанзива, досега уништи 16 тенкови „леопард“, колку што Полска и Португалија испратија во Украина.
– Руската армија уништи 16 тенкови Леопард, што е практично 100 отсто од возилата од овој тип што Португалија и Полска ги испратија до вооружените сили на Украина. Само во правците јужен Доњецк, Запорожје и Доњецк, каде што украинските формации преземаат неуспешни напади, групите на руските вооружени сили уништија 15 авиони, три хеликоптери, 920 единици оклопни возила, меѓу кои и 16 тенкови Леопард, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу
Тој додава дека „во јуни руските системи за противвоздушна одбрана соборија 158 проектили од повеќецевниот ракетен систем „Хајмарс“, 25 ракети „Бура“ и 386 украински беспилотни летала“.
Западните земји ја снабдуваа Украина со тенкови и оклопни транспортери со надеж дека тоа ќе и обезбеди значителни успеси на украинската армија, но еден месец по почетокот на летната офанзива „пристигна одредено разочарување, пишува германскиот весник Берлинер цајтунг.
Весникот посочува дека обидот за украинска контраофанзива чинел „човечки животи и пари“.
Според податоците од отворени извори, Украина веќе изгубила седум од вкупно 54 испорачани тенкови „Леопард 2“.
„Украина доби вкупно 18 тенкови „Леопард“ 2А6 од Германија и 36 тенкови „Леопард“ 2А4 од Полска, Шпанија, Норвешка и Канада – вкупно 54 тенкови.
Затоа, ако се земат за основа податоците на платформата Орикс, Киев изгубил околу 13 отсто од своите тенкови до денес“, тврди германскиот весник.