Пет години во Скопје Универзалната сала е затворена, пет години нема никакви случувања, ама тоа не значи дека Петре Шилегов и неговиот пријател Филип Аврамчев, поставен од Шилегов за директор на Универзалната сала, не виделе добра шанса за нелогични трошења во овие години, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
– Имено, Универзалната сала 5 години е затворена и пропаѓа. Нема ниедно случување, а со години внимавајте изнајмува, плаќа рентање на опрема за настани, во вредност од над 100.000 евра!? A, притоа, внимавајте, се купува опрема за звук и светло, за 6.500 евра! Во 2019-тата година Универзалната сала на Шилегов, внимавајте, дава 52.381 евро за „Техничка поддршка и наем на техничка опрема за озвучување и осветлување на настани во организација Универзалната сала“. Односно ИЗНАЈМУВА опрема, плаќа над 52 илјади евра за опрема, за светло и озвучување, иако нема сала Универзалната сала е затворена и нема настани!? Истото се повторува и во 2021 година. Повторно тендер за изнајмување. За „Техничка поддршка и наем за озвучување и осветлување“ и се даваат 50.400 евра! Оваа 2021 година, сала нема, нема каде и што да се озвучува и да се осветлува. А, притоа, потсетувам постои опрема, а во 2018-тата и е докупена опрема за 6.500 евра!, рече Стоилковски.
Тој додаде дека тие договори ги добивала компанија којашто според познавачите е позната и блиска на Петре Шилегов, а тој треба да каже дали тоа е основот за Универзалната сала да мора да изнајмува опрема иако е затворена и нема услови и нема каде да организира настани!?
– Во две години, 2019-та и 2020-та година, има склучени 4 договори на Универзалната сала за маркетинг и рекламирање сите платени по 23.000 евра или вкупно над 92.000 евра! 92.000 евра за реклами на Универзалната сала, а Универзална сала е затворена и нема настани! Што е тоа што е рекламирано за настан во Универзална сала што чини 92.000 евра платени за услуги од маркетинг агенции? Значи да повторам нема настани, 100.000 евра се дадени за изнајмување за опрема за звук и светло иако Универзална сала е затворена и не работи. Нема настани, ништо не се случува, Универзална сала е затворена, а мора да одговорат што е тоа што рекламирале во две години за 92.000 евра, нагласи Стоилковски.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Универзалната сала е непресушен извор и за луксузи.
– Над 18.000 евра за три години биле дадени за резервации на авионски карти за Универзална сала. Следат трошоци за хотели, ресторански услуги, рентакар, храна, пијалоци, мобилни телефони, севкупно 65.000 евра за три години, рече Стоилковски на денешната прес конференција.
Видеото од прес-конференцијата може да го отворите ТУКА