Научниците од Универзитетот Хокаидо преку анализа на коски на диносаурус стар 72 милиони години, открија дека тој скелет припаѓал на нов вид од семејството хадаросауриди. Тоа е воедно и најголемиот скелет на диносурус досега пронајден во Јапонија.
Научниците диносурусот го нарекоа „Камуисаурус јапоникус“. Овој џиновски гуштер бил долг околу осум метри и тежел меѓу четири и 5,3 тони, во зависност од тоа дали одел на две или четири нозе.