Резултати од нова студија со која е истражувано присуство на антитела на коронавирус кај жителите во Северна Калифорнија упатува на тоа дека вирусот е многу пораспространет од што претходно се веруваше.

Прелиминарната студија, која ја спроведоа истражувачи од Универзитет Стенфорд, проценуваат дека меѓу 2,5 отсто и 4,2 отсто од жителите во округот Санта Клара кон почетокот на април во својата крв имале антитела на коронавирус. Антителата се показател дека човековиот имунолошки систем реагирал на инфекцијата.

Иако во округот биле пријавени околу 1000 случаи на почетокот на април, истражувачите од Стенфорд процениле дека вистинскиот број изнесува меѓу 48.000 и 81.000, односно дека за 50 до 85 пати поголем. Округот Санта Клара беше рано жариште на пандемијата на Ковид-19 во Калифорнија.

Со земањето примероци крв од 3.300 жители на округот и тестирање на антитела на коронавирус, истражувачите се надеваа дека ќе успеат да ја проценат преваленцијата на вирусот во популацијата.

Крвните тестови на антитела, познати и како серолошки тестови, се разликуваат од дијагностичките тестови, кои се користат за потврдување активна инфекција.

Експерти од Заводот за јавно здравје во Лос Анџелес, почнаа слична студија една седмица по Санта Клара, а резултатите ќе ги објават в понеделник.