Агенцијата на Обединетите нации за помош за палестинските бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека повеќе од 66.000 деца во Појасот Газа страдаат од тешка неисхранетост поради „политиката на глад“ што Израел продолжува да ја применува, откако заканите и затворањето на премините и спречувањето на влезот на хуманитарна помош траеја повеќе од два месеци.
Портпаролот на УНРВА, Аднан Абу Хасна, изјави дека „стотици илјади Палестинци јадат само еден оброк на секои два или три дена“, објави палестинска новинска агенција.
Од 2 март, израелските власти ги затворија премините со Појасот Газа за влез на храна, хуманитарна, медицинска помош и друга стока, што доведе до значително влошување на хуманитарната состојба за Палестинците, според извештаите на владата, организациите за човекови права и меѓународните организации.
Фото: МИА архива