Откако вчера двете завојувани страни во СДС (Шилегов и Филипче) преку меѓусебните обвинувања и’ открија на јавноста дека сите на Бихаќка одработуваат за ВМРО-ДПМНЕ, денеска во уплав од новиот Државен јавен обвинител чија прва работа треба да биде справувањето со високата корупција и скриените предмети за Венко и Зоран во фиоките, кај дечките од Бихаќка се јави Фројд, пишува Курир.
Навистина се јави, та поведени од Фројдовиот комплекс, урнебесно свикаа: Сите ќе одговарате!
Да, ни помалку ни повеќе – туку со извичник. Очигледно, сфаќаат дека доаѓа време за одговорност и наплата на сторените зулуми и арамилак врз државната, народна каса. Сигурно, воопшто не им е лесно.
Дека паранојата станува „добар ден“ на Бихаќка, доволно кажува фактот што недела дена инфантилно врескаат дека ВМРОП-ДПМНЕ немало да успее да ги урне. И денеска, инфантилно СДС дежа ви.
„Затоа и постои така наречената „Платформа“ тоа е „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од страна на ВМРО.
Пронаоѓаат уценети лица, нудат пари, вработувања, а на некои и бизнис…преку осигурувања, преку банки, фирми!
Но, ние нема да дозволиме да се руши СДСМ. Овие очајнички обиди на ВМРО нема да успеат.
СДСМ има нова сила – нова енергија. Единствени зад борбата против криманлната власт на Мицкоски и ВМРО“, стокмија лузерите од СДС со по некоја печатна грешка, резултат на паниката во редовите на врхушката. Непребол.
И повторно, СДС кажаа вистина. И повторно, несакајќи.
Точно е. ВМРО-ДПМНЕ нема да ги урне ќелепурите.
Нема зошто.
Со ваква камиказе екипа обилно наресана со мега-ступидни и патетични наративи и ултра-мизерни конструкции, тоа го прават самите. Со две раце.
Како беше она, „сам себе го убивал“. За сите пари. Кои ги украдоа минатите години…
Веројатно, голема улога во целата оваа политикантска пародија имаат и психотропниите супстанци на Шмрчко, „првата пушка“ на Венко, активност која се гледа по психомоториката и фацијалната експресија на сите експонирани СДС фаци на сцената. Оддишка од товарот на престтојниот групен концерт со симултано свирење клавир на „руководството“.
Погрешно сте разбрале. Треба да свртите НОВА СТРАНИЦА. Не линија…
Туку, каде е Заев? Чуму не е во Македонија? Онака, пак за ДРУГАРЧЕ прашуваме…
Извор: Курир




