Најмалку 50 луѓе загинаа во ураганот Ида, кој го погоди североисточниот дел на САД, додека голем број луѓе се уште се водат како исчезнати, а папата Франциско ги повика погодените од катастрофата да бидат силни.
Во Њујорк се потврдени 17 смртни случаи, четири во Вестчестер, а останатите во градот Њујорк, каде речиси сите жртви беа заробени во нелегални подрумски станови, изјави портпаролката на гувернерката Кејти Хочул.
Во Њу Џерси има 27 жртви во невремето, а четири лица се уште се водат како исчезнати, изјави портпаролот на гувернерот Фил Марфи.
Бројот на загинати во Луизијана се зголеми на 12, а се стравува дека би можело да има повеќе, истакна гувернерот на таа сојузна држава, Џон Бел Едвардс.