Локалните власти во англискиот град Мидлсбро биле принудени да ги пополнат дупките на улиците откако локалните жители протестирале на инвентивен и помалку вулгарен начин. Имено, граѓаните досетливо укажале на проблемот со тоа што исцртале пениси врз местата каде што се оштетени улиците, објавува БиБиСи.
Пенисите веќе една седмица стоеле низ улиците на Мидлсбро, а проблемот со дупките на асфалтот трае околу една година.
Портпаролот на советот на Мидлсбро вели дека како и сите региони во Англија, поправката на оштетените улици е приоритет, а откако „урбаниот уметник“ го искажал револтот на граѓаните набрзо потоа бил испратен тим за одржување на улиците и дупките на асфалтот биле пополнети.
Доколку во некој македонски град се појави ваков уличен уметник, улиците би биле непристојно место за возење.