Томислав Лубењак од Загреб урна Гинисов рекорд во должина на туркање автомобил, и со брзина од 6 км/час тој го истурка возилото 85 километри.

Потфатот го почна вчера околу 15 часот. Целта беше за 24 часа Лубењак да премине 100 км туркајќи автомобил од 730 кг со возач, но тој го собори рекордот утрово откако влезе во 83-от километар.