Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска пристигна во Киев во уште една посета посветена на амбициите на Украина за пристапување во Европската унија и реконструкција.
– Се вратив во Киев за да се сретнам со претседателот (Володимир) Зеленски и премиерот (Денис) Шмигал, им рече Фон дер Лајен на новинарите известувајќи за нејзината посета.
Таа додаде дека на состаноците ќе се разговара за заедничката работа неопходна за обнова и напредок на Украина на патот кон Европа.
Фон дер Лајен претходно беше во Украина во април.