На самиот крај во 89 минута од натпреварот Уругвај триумфираше над Египет со голот на Хозе Хименез. По двете пропуштени шанси на Суарез, Хименез успеа да ја пробие одбраната на Египет. Рамото на повредениот Мохамед Салах не закрепна навреме, па затоа тој остана на клупата за резерви на репрезентацијата на африканската држава.

Во следните натпревари Египет мора да ја победи домаќинска Русија на 19 јуни на стадионот во Санкт Петербург доколку сака да продолжи понатаму во првенството. Уругвај против Саудиска Арабија ќе игра на 20 јуни.