Деветнаесет годишната дебитантка на „Ју Ес Опен“, Бјанка Андреску, создаде нова сензација. Канаѓанката стигна до финалето во Њујорк, совладувајќи ја Белинда Бенчиќ со 7:6 (3), 7:5 за 2 часа и 15 минути игра.
Андреску оствари импресивни 40 винери, иако имаше 38 непридизвикани грешки. Таа запиша 7 аса, но направи 9 двојни грешки. Сепак, Бенчиќ имаше само 16 винери на натпреварот и 32 непридизвикани грешки и само 2 аса на нејзина сметка.
Тинејџерката на тој начин стигна до своето прво Гренд-слем финале во своето деби на терените на „Флешинг медоус“. Таа е прва тенисерка која постигнала такво нешто од Венус Вилијамс во 1997 година.
Во битката за трофејот, Канаѓанката ќе се соочи со Серена Вилијамс во сабота,која претходноја совлада Елина Свитолина со 6:3, 6:1.
Ова ќе биде повторено финале на од „Роџерс купот“, кое сепак не се одигра до крај, бидејќи Американката се откажа поради повреда по само 4 одиграни гема (3:1 за Андреску).