Вчерашната објава на СЈО за шест нови истраги, од кои, демек, една сериозно го опфаќа и Бујар Османи, е уште еден доказ за нестручноста и политизирноста на ова т.н. обвинителство. Имено, објавата на имињата на сите против кои е отворена истрага претставува флагрантно кршење на нивните права и на начелото на презумпција.
Не дека јавноста немаше да ги дознае имињата на тие против кои е отворена истрага, но, досега и МВР и редовното, уставното Обвинителство воделе сметка за ова, па кога истапуваат обично тоа го прават со иницијали.
За разлика од тоа, СЈО кое е надвор од системот и така и се однесува, шерифовски, како каубоец од Дивиот запад фрла дамка врз луѓето кои утре-задутре можат да бидат и ослободени. При тоа, не зборуваме за Бујар Османи, во чиј случај сите се свесни дека станува збор за фарса која треба да покаже дека наводно СЈО е непартиско и непристрасно, туку станува збор за сите останати кои се предмет на овој политичкиот прогон.
Настрана тоа што никој во оваа држава не реагира за тоа што СЈО презема истраги иако за тоа веќе нема мандат. Изговорот дека СЈО не може да покренува обвиненија, но дека тоа не важи и за покренување истраги е толку комедијантски што дури и на најскептичните сега им е јасно за каков дворски инструмент станува збор.
Патем, што стана со оној великиот вмровец Тодоров кој по потпишувањето на Пржинскиот договор кој го вклучуваше и СЈО, трубеше наоколу како го за.бале Заев и како странците му се смееле позади грб? Интересно, него го нема во бомбите?