Уште еден земјотрес денеска ја потресе Македонија во 15 часот и 25 минути.

Претходните беа со интензитет од 3,6 и 3,8 степени според Рихтеровата скала, а последниов од 4,9 степени.

Земјотресот повторно беше со епицентар во Мавровскиот регион, на 20 километри од Гостивар, и на длабочина од 70 километри. Последниот земјотрес беше почувствуван на повеќе места во Македонија и во Скопје.

Се претпоставува дека сите овие земјотреси се автершок на утринскиот земјотрес со јачина од 5 степени.

Освен вознемиреност кај населението засега не се пријавени никакви штети.