Танкер што пловел низ Ормуска Теснина е погоден од неидентификуван проектил. Бродот е оштетен, но нема информации за евентуални жртви и загадување на животната средина, објави Британската агенција за поморски трговски операции (УКМТО).

Според неименувани извори погоден е катарски танкер за гас.

Синоќа Иран истрела најмалку два проектила врз комерцијални бродови што транзитирале низ Ормуска Теснина. И во тој инцидент бродовите се оштетени, но нема повредени лица.

Нападот се случи веднаш по истекот на еднонеделниот договор меѓу САД и Иран за запирање на нападите во Ормуска Теснина.