Лажни се информациите дека е доделен нов тендер од страна на МВР, Центарот за полагање – Струмица поседува лиценца која е издадена во 2023 година и се уште е валидна, реагира на Фејсбук Столе Иванов.

-Ги замолувам поединци и некои портали да престанат да објавуваат неточни информации за Центарот за полагање Струмица. Центарот поседува лиценца која е издадена во 2023 година и која е уште валидна. Лажни се информациите за доделен нов тендер од страна на МВР, с и било каква поврзаност на лицето Јанев Јорданчо со тој центар, вели Јованов во својата реакција.

Реакцијата на Иванов следи откако истакнатиот активист на СДСМ Герасим Лазов објави на социјалните мрежи во прашална форма „дали баџанакот на премиерот го има добиено тендерот за испитниот центар на полагање возачки за Струмица и околината?“.

Ова е уште една лага и циста манипулација, а со цел добивање на ситни политички поени кои доаѓаат од „кујната“ на опозициската СДСМ.