И Ана (40) и Саша (43) Лазаревиќ од селото Велика Ломница кај Крушевац беа сведоци на исцелување на нивниот сосед по посетата на сега веќе надалеку познатиот манастир Тумане кај Голубац.

Тие се молеа во тој храм за здравјето на нивниот син, Виктор (19), кој беше во кома. Истиот ден, по молитвата во овој чудесен манастир, а потоа и со замивање на синот со света вода и помазување со масло од кандило, младиот човек, кој имал тешка операција на главата и за кого лекарите рекоа дека е во Божји раце, ги отвори очите.

– Не знам што да ви кажам. Зачудени бевме не само ние, туку и лекарите, не можевме да поверуваме дека Виктор, кој беше во кома и во многу критична состојба, ги отвори очите и ни се обрати. Сега е, фала му на Бога, тој е добар, во моментов е во Центарот за рехабилитација во Рибарска Бања, каде добро се опоравува. Благодарние на манастирот Тумане и на сите светци – вели Ана Лазаревиќ, мајка на Виктор.

Виктор се здобил со сериозна повреда на главата, како што кажува неговата мајка, на 28 септември оваа година кога група млади луѓе го нападнале без причина.

– Таа група на млади во алкохолизирана состојба го нападнаа пред ресторан за брза храна, каде Виктор свратил по прошетка низ градот за да јаде парче пица. Тие го сторија тоа од „чиста  мира“, без никаков повод. Кога еден од таа група го удрил Виктор, тој паднал и се здоби со тешка повреда на главата. Во болницата каде што бил опериран, дошол со напукант череп, оштетување на мозочното стебло, хематоми. Двапати за време на подготовките за операцијата Виктор го губеа и го враќаа во живот. На крајот на операцијата, докторот дојде да ни каже дека направиле сè што можеле, дека е критично и дека сега е во Божји раце “, изјави Ана.

Таа посочува дека следните денови ги поминале во молитва затоа што тоа било сè што можеле да сторат, а потоа во еден момент додека седеле дома, слушнале на телевизија за манастирот Тумане и сведоштвата за чудесните исцелувања.

– Тие денови на неизвесност беа неописливи тешки. Со еден збор, хорор. Кога слушнав на ТВ за манастирот Тумане, веднаш му предложив на мојот сопруг да заминеме. Тој само рече: „Нека биде на крајот на светот и нека чини колку, подготви се и заминете рано утре“. Така беше, ние заминавме рано со еден пријател затоа што не бевме во можност да возиме, па мораше некој друг. „Единствената работа што ми падна на памет беше да понесам маица и дуксер од мојот син и, се разбира, намирници за манастирот. Патот сам нè одведе до манастирот. Ние пристигнавме без проблем. Патувавме 200 километри”, додава таа.

Пристигнувајќи во Тумане, почувствувале олеснување, но солзите, не можеле да ги запрат.

– Чекавме долго време за да влеземе. Купивме свеќи за сите за здравје и една поголема за здравјето на Виктор. Во манастирот претходно ни објаснија дека ќе има читање на молитва за здравје. И натаму не можевме да ги задржиме солзите, се додека не тргнавме кон испосницата. Кога заврши тоа, му реков на мојот сопруг да одиме директно во клиниката во Ниш, каде беше опериран Виктор, да го измијам со света вода и да го премачкам со масло од кандило – објаснува Ана.

Така и сторила, а следното утро тие добиле порака од докторот дека Виктор почнал да ги отвора очите и да трепка.

– Лекарите беа во шок, а јас и мојот сопруг беа скаменети додека ја читавме пораката што ја добивме од докторот. Не можевме да веруваме во тоа што пишува. Но, веднаш ми прејде низ глава- Тумане – истакна мајката на Виктор.

– Кога докторот ни кажа за Виктор, веднаш отидовме на клиниката. Плачевме цел пат од нашата куќа, во село кај Крушевац, до Ниш. Веднаш штом стигнавме во болницата, трчавме кон шок-собата, а докторката на вратата само се крена, се смееше и кратко рече: „Погледнете и сами.“ Гледавме кон Виктор, а тој рече: „Каде си, мамо, каде си тато“. Разговаравме со него, сопругот му покажа слика од манастирот и му рече:„ Сине, бевме тука да се молиме за твоето здравје и да ни се разбудиш“, а тој рече:„ Знам сум бил таму, тоа е на романската граница. „Ми беше јасно, тој беше со нас тој ден“, рече Ана.