Сите 16 лица во Виетнам кои беа заразени со новиот коронавирус се излекувани, соопшти Министерството за здравство.
Министерството наведе дека од 13 февруари не е регистриран ниту еден нов случај на зараза.
Последниот пациент, 50-годишен маж кого го зарзазила неговата ќерка по враќањето од кинески Вухан, жариштето на заразата, заздравел и сега е во добра здравствена сотојба. Засаега не е познато кога тој ќе биде пуштен од болница.
Остантите излекувани, меѓу кои и тримесечно бебе, заздравуваат.
Во Виетнам на 23 јануари беа регистрирани првите два случаи, кај двајца кинески државјани.