Французинот Џаст Фонтен со 13 постигнати голови на Мундијалот во Шведска 1958 година е најефикасниот играч на едно Светско првенство.
Најблиску до него по број на постигнати голови за време на еден планетарен собир на најдобрите фудбалски репрезентации е Шандор Кочиш кој во 1954 во Швајцарија 11 пати ги тресел противничките мрежи.
Од поново време Бразилецот Роналдо во 2002 година на СП во Јапонија и Јужна Кореја постигна 8 погодоци, а на последното 2014 во Бразил Џејмс Родригез од Колумбија реализираше шест пати. Мирослав Клосе познат како голгетерскиот крал на мундијалите, има само 5 постигнати голови на Мундијалот во Германија во 2006.