Припадниците на МВР денеска извеле успешна акција во Прилепско, при која се уапсени петмина дрвокраци на кои им се одземени возилата и дрвата за огрев, а ќе следат и кривични пријави, сооопшти вечерва МВР.

Дрвокрадците, како што е соопштено, приведени се во Прилеп.

– Полициски службеници од СВР Битола-ПСОН Прилеп денеска 03.11.2022) на место викано Беловодица, Прилеп ги лишиле од слобода И. Р. (21), С. Ќ. (23), Е. К.(23),Е. М.(19) и Е. Р. (23), сите од Прилеп, кај кои биле пронајдени нелегално сечени огревни дрва. Пет возила и дрвната маса се одземени и по документирање на случајот ќе следува кривична пријава, соопшти МВР.

Објава за оваа полициска акција, како и фотографии од запленетите дрва, има и на официјалниот профил на МВР на Фејсбук.