Бугарскиот рапер Иван Динев алијас Устата кој објави песна со многу навреди кон Македонија вели дека се обратил до бугарското Министерство за надворшени работи и до бугарската Државна агенција за национална сигурност (ДАНС) за да ја бара правдата поради, како што тврди, 100-те смртни закани кои ги добил по објавување на песната, јавува бугарската ТВ Нова.
Раперот прво поднел пријава во полиција, но нагласил дека прашањата што таму му ги поставувале биле апсурдни.
– Затоа решив да се обратам до повисоките институции, изјави Динев за Нова.
Устата претходно објави песна во која ги имаше и следните стихови:
„Прва лекција по историјата на Македонија. Тоа не е држава, туку територија. Мала провинција со големи амбиции, пораднала со бугарските традиции. Со бугарски корени се сите дрва до 1945-та година. Македонскиот јазик е дијалект на бугарскот, пее Устата од Бугарија.