Над 100 смртни закани добил бугарскиот рапер Иван Динев – Устата, сподели тој со своите следбеници на социјалните мрежи, по објавувањето на песната со навреди за Македонија.

– Здраво, како постапувате кога ќе добиете смртна закана и што правите ако ги има повеќе од 100? Прашувам за пријател, напиша раперот во објавата на Фејсбук.

Следбениците на Устата претпоставуваа дека смртните закани се поради текстот на песната што тој ја претстави пред три дена на својот личен профил и ја нарече „Лекција за Македонија“.

– Лично и категорично, почнува устата тука рими да реди. Слушајте внимателно мили соседи, првата лекција по македонска историја – тоа не е држава туку територија. Малечка провинција со големи амбиции која пораснала со бугарски традиции. Со бугарски корени се сите дрва до 1945 година. Македонскиот јазик е дијалект на бугарскот, се дел од навредливите стихови на бугарскиот рапер.

Видеото може да го отворите ТУКА.