Бране ПЕТРУШЕВСКИ, пратеник
За првпат во историјата на плурализмот во Македонија, пратеник е осуден за став искажан од собраниската говорница.
Ова власт повеќе не е ДИКТАТУРА, туку комплетно премина во ТИРАНИЈА.
Токму за да се оневозможат ваквите притисоци врз опозицијата, Уставот и Законот предвидуваат имунитет на пратениците за ставови искажани од собраниската говорница.
Но, одамна Уставот и Законите на оваа држава за власта на ДУИ и СДС се само обична хартија за еднократна употреба.
Јавно им кажувам, ниту ќе ме уплашат, ниту ќе ме замолчат, ниту ќе ме запрат да им ги кажувам криминалите дирекно очи.
Уште помалку пак ќе ме присилат да им ги гласам уставните измени.
Напротив, само уште повеќе ме мотивираат.
Нека се подготват наредниот период да преживуваат уште посериозна “душевна болка”.